Поважни информации

Потрошувачки кредит до 2.000.000 денари без осигурување

Потрошувачки кредит до 2.000.000 денари со вклучено осигурување при неможност на отплата на кредит



Корисници

Кредитот е наменет за:

  • Вработени лица на неопределено или определено време, кои својата плата ја примаат на сметка во Комерцијална банка и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 64 години за мажи, односно 62 години за жени.

Номинална каматна стапка

  • 4,9 % годишна, фиксна за првите 3 години,
  • 5,9 % годишна, променлива за остатокот од периодот на отплата i Референтна каматна стапка од 2,71 % зголемена за 3,18 пп, но не повеќе од Законската казнена камата за денарски побарувања. Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРСМ (www.nbrsm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). 

Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува . %. Банката редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

5,43 % годишна

Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.

Обезбедување

  • траен налог,
  • меница и менична изјава,
  • За кредит до 2.000.000 денари за вработени на неопределено време – без жиранти (по извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување - еден кредитоспособен жирант),
  • За кредит за вработени на определено време – до 500.000 денари со 1 (еден) кредитоспособен жирант во работен однос на неопределено време.

Исплата         

  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување.
  • средствата од кредитот се исплаќаат на платежната сметка на кредитокорисникот.

Пример за кредит

Износ на кредитот 2.000.000 денари
Рок на отплата 95 месеци
Месечна рата со фиксна каматна стапка 25.442 денари
Месечна рата со променлива каматна стапка 26.055 денари
Дата на користење на кредитот 1 во тековниот месец
Фиксна каматна стапка за првите 3 години 4,9 %
Променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата на кредитот 5,9 %
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) i Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) се вкупните трошоци на кредитот изразени како годишен процент од вкупниот износ на кредитот. Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка. 5,43 %
Пресметана камата за цело времетраење на кредитот во услови на негова редовна отплата 453.143 денари
Интеркаларна камата 4.019 денари
Надомест за одобрување и администрирање на кредитот 2.000 денари
Надомест за аплицирање и обработка на кредитот 300 денари
Трошоци за меница 500 денари
Вкупни трошоци на кредитот i Вкупни трошоци на кредитот се сите трошоци, вклучувајќи камати, провизии, даноци и кои било други надоместоци во врска со договорот за кредит коишто корисникот на кредит треба да ги плати при одобрувањето и редовна отплата на кредитот и коишто ѝ се познати на Банката, освен нотарските трошоци.  459.962 денари
Вкупен износ што го плаќа корисникот на кредитот i Вкупен износ што го плаќа корисникот на кредит претставува збир на вкупниот износ на кредитот и вкупните трошоци на кредитот.  2.459.962 денари

Потрошувачки кредит до 2.000.000 денари со вклучено животно осигурување

Потребна документација

Најчесто поставувани прашања